Малолетничка во текот на вчерашниот ден излегла од дома и не се вратила, а нејзиното исчезнување го пријавил таткото.

-Вчера околу 12.30 часот во Полициската станица Чаир, С.С.(39) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата 17-годишна ќерка, велат од МВР.

Според пријавеното, таа и претходно во повеќе наврати го напуштала домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.