Денеска (13.09.2022) во 11.00 часот, при прелет со хеликоптер на МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на место викано „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино-Дуброво, откриле 30 лица мигранти, од кои осум лица од Пакистан, пет од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда.

Мигрантите ќе бидат пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.