Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода триесет и две годишниот А.Ј. од скопски Сарај, информира МВР.

При претрес на домот и други простории кај лицето А.Ј., извршени по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“.

По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.