Вчера наутро во 07.45 часот на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило удрило во мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(37) од Скопје. По несреќата возачот на автомобилот го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кому му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.