СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(25) од с.Велестово, охридско и С.П.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 26.04.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле кујнска вага и мешавина од тутун и марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.