Неколку полициски возила и десетица полицајци вечерва беа распоредени во близина на фурната „Силбо“ за да спречат групирање на младите пред почетокот на полицискиот час. Познатата пекара речиси беше целосно опколена со униформирани полицајци.

И покрај видливото присутво на полициските службеници очигледно беше недисциплината помеѓу младата популација во однос на употребата на заштитните маски. Токму оваа локација е едно од најпопуларните места во главниот град каде најчесто младите се групираат и локација за која најчесто се пишуваат реакција на социјалните мрежи.

Инаку, Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот започнува од 23:00 часот и трае до 05:00 часот наредниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.