Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила 200 возачи на автомобили и мотоциклисти за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 20 до 24 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 37 прекршоци.

Во периодот од 06 до 24 часот, пак, при контролата за откривање возачи кои возат со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.