На 06.10.2019 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје го привеле С.Т.н(26) ос Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле С.Ц. (28) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.10.2019 во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле П.М.(38) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ќ. (45) од Челопек и Р.Г. (30) од Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.08.2019 во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што кај првопријавениот пронашле и одзеле кокаин, додека кај второпријавениот пронашле и одзеле амфетамин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Д. (38) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.07.2018 на ул.„Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.