Во Полициската станица Центар вчера околу 15:10 часот било пријавено дека во напуштен објект на ул.„Тетовска“ од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден повреден Б.К.(54) од Скопје. По негово кажување, тој бил физички нападнат од неколку непознати лица, кои што му одзеле лични предмети.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.