Во полицијата во Кочани околу 14 часот било пријавено дека на улицата Шукри Шаин се одржувала свадбена прослава на која биле присутни повеќе граѓани.

„Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.