Рано утрово И.М. (28) од село Марвинци, Богданци бил приведен откако во товарното возило „ивеко“ што го управувал, кај наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.