Полицијата не му направила алко-тест на пратеникот на СДСМ од Гостивар Благојче Трпески, кој денеска во видна алкохолизирана состојба физички го нападнал 33-годишниот М.С., наводно бидејќи бил пратеник, неофицијално дознава „Република“.

За „Република“ претходно Марјан Јосифоски од СВР Тетово потврди дека М.С. (33) од Гостивар денеска околу 15.20 часот пријавил дека од страна на 54-годишниот гостиварец Б.Т. му било оштетено возилото кое било паркирано на ул. „Илинденска“ во близина на трговскиот центар во Гостивар. На оштетувањето му претходела вербална расправија меѓу двајцата околу непописно паркирање. Извршен е увид, а пријавителот е во полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, изјави за „Република“ Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.