Во раните утрински часови во скопското село Љуботен полицијата започнала голема акција за сузбивање шверц на тутун, јавува Независен весник.

Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.

Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.

Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален, нема вода за пиење, а имаат и други проблеми.

Во куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели, во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.

Во моментот, трае поклициската акација и во многу други куќи.


Повеќе информации и фотографии на Независен весник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.