Денес е идентификуван и вториот насилник од двајцата кои упатија сериозни закани кон група патници во автобус на ЈСП, објави Сител.

Нивното однесување стана јавно откако беше објавено видео од автобусот, на кое се гледа дека по барањето на патниците тие да ги стават маските соодветно двајцата заканувачи почнуват со погрдните зборови.

Се закануваат дека ќе сечат глави и дека ќе ги ставаат патниците во киселина. На крај ја напаѓаат девојката која снима!

Завчера полицијата го приведе едниот, а денеска и другиот.

Инаку првиот кој беше приведен и порано имал проблеми со полицијата и нападнал службеник на ЈСП кој му барал билет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.