Кривични пријави за „тешка кражба“ ќе бидат поднесени против тројца битолчани, М.П.(23), К.Б.(25) и С.М(23) кои полицијата ги привела вчера во Скопје. На 14-ти овој месец во продажен објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола тие украле различни марки на мобилни телефони и фотоапарати, како и  промет од продажба, со што стекнале имотна корист од околу 900.000 денари.

По претходно добиени оперативни сознанија од Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола, полицијата вчера ги пронашла сторителите и украдените предмети во скопската населба Козле, на ул. „Јуриј Гагарин“, кога извршиле преглед на патничко возило „мерцедес 190“.

-Полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило марка „мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, во кое се  затекнати се М.П.(23), К.Б.(25) и С.М(23), сите од Битола, а кај лицето С.М. пронајдени се и одземени околу 14.000 денари. Од извршените проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. Лицата се преземени од страна на Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.