Денеска, врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д.Г. (34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен обвинител од ОЈО Битола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.