Колешка на полицаецот кој го го изгуби животот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во саботата ноќта кога пијан кумановец прегази двајца полицајци, а потоа направи сообраќајка, се прости од колегата со порака упатена до сите – до државата, до јавноста, до колегите полицајци.

Не сакам да паметувам, сакам само да се знае!

Сите вие додека плукате по полицајците, ги исмевате и ги обвинувате за било каква состојба во државата, запрашајте се колку вреди нивниот живот!?

400 евра месечни примања!

Додека со насмевка излегува од дома оставајќи го семејството, а длабоко во душата со мисла само жив да се врати…

Додека крај со крај крпи за да не ја извалка својата чест и честа на професијата, немо стои на дожд, снег, гладен, жеден, во усмрдена униформа во зима и жешкото лето, ден, ноќ, во кордони додека некои ги каменуваат, плукаат и навредуваат, а тој со мисла само жив да се врати дома, да ги гушне саканите, легне во чиста постела, топол кревет, за корка леб, да не ја извалка честа и професијата…

Запрашајте се кога ќе го снема кој се грижи за неговата фамилија!? Нека ти е лесна земја колега, твојата загуба ништо не може да ја надокнади… Господ да дава сила во овие тешки моменти на твоите најблиски! А вие колеги почитувајте се, помагајте се, и во лошо и во добро!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.