Полицајка од Куманово е опомената за своето скандалозно однесување, таа возела автомобил со нозе преку прозор и качени на управувачот, а при тоа се снимала, а видеото потоа се рашири и по социјалните мрежи.

Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час?

Oд МВР за Телма потврдиле дека станува збор за Д.Ј. и велат дека добила укажување за недолично однесување.

Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки- велат од СВР Куманово.

 

Полицајка од Куманово луфтира нозе на автопат

Полицајка од Куманово луфтира нозе на автопат

Gepostet von Seir am Dienstag, 12. Mai 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.