67- годишна жена денеска е спасена од давење од водите на Вардар и пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.

Како што соопшти МВР, полицијата реагирала во 10:16 часот, по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје.

Полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош и однесена во болница, каде не и се констатирани повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.