Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера биле физички нападнати од Д.Ј.(32).

Вчера околу 15.10 часот, при извршување работни задачи на регионалниот пат Кавадарци – мотел „Дреново“, во близина на село Возарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци биле физички нападнати од Д.Ј.(32), информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.