25 годишен полициски службеник од Тетово кој не бил на должност вчера о службениот пиштол ги застрелал Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, Тетовско.

Тие биле примени во тетовската болница, а оттаму пред поноќ биле префрлени на скопските клиники поради сериозноста на повредите од огнено оружје, во врат односно во стомакот.

Полицаецот Н.Х. сам се пријавил во полициската станица во Тетово, десетина минути по инцидентот.

Тој е задржан во полиција, а за случајот е известен и секторот за Внатрешна конторла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.