По последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте македонски автобус кој превезувал патници за Копаоник, сите тие се пуштени на домашно лекување.

Според информациите од МНР, во моментов се очекува да пристигне автобус кој ќе ги превезе кон дома. Повеќе нема згрижени пациенти ни во болницата во Блаце и сите тие се пуштени на домашно лекување.

Една потешко повредената пациентка е хоспитализирана во Ниш и таа ќе биде задржана на понатамошно лекување.

Официјалните резултати за причините за несреќата српските власти сѐ уште не ги доставиле до нашата амбасада во Белград.

Македонски автобус околу 10 часот изутринава се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце. Крајната дестинација на патниците билa Копаоник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.