Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Црна Гора, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст. 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13.11.2018 година без повод и причина, го нападнал оштетениот пред гостилница во Скопје и тешко телесно го повредил, удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе повреди и скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот го напуштил местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија и не би можело на друг начин да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.