Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Ламбе Алабакоски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил, се вели во извештајот.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, додаваат од ОЈО, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.