Жена загина во сообраќајна несреќа во селото Петровец кога автомобил удри во неа.

„Вчера, во селото Петровец, Сопско, патничко возило ‘рено’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Т. (61) од Скопје, удрило во Д. В. (59) од с. Катланово, а потоа излегло од коловозот. На местото на несреќата починала Д. В., а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош“, соопшти МВР.

Телесни повреди добила сопатничката од возилото Д. Т. (58) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.