Жената што вчера се здоби со тешки повреди во верижниот судир кај Велес, денеска им подлегна на повредите на скопските клиники.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката што се случи вчера околу 8 часот на автопатот Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, учествуваа патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес, патничко возило „мазда“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(31) од Велес, патничко возило „шкода октавија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(37) од Кавадарци, патничко возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(52) од Прилеп, патничко возило „мицубиши аутлендер“, управувано од М.К.(53) од Скопје, товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д.

Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.