Почина жената која што со тешки телесни повреди беше пренесена на КАРИЛ по веружната сообраќајна несреќа што се случи утринава околу осум часот кај местото Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје. Во несреќата повредени беа и нејзиниот сопруг и внука, сите од Кавадарци кои со полесни повреди завршила во велешката болница, каде што се задржани на понатамошна опсервација.

Според последните информации од полицијата сообраќајката се случила помеѓу седум возила, од кои едно избегало од местото на несреќата.

“ Возилото го напуштило лице место, непозанта марка и не се знае кој управувал, се трага по него.

Тоа е трето возило по ред кое застанало на сообраќајната несреќа и не е предизвикувач на сообраќајната несреќа , возачот по своја волја сам го напуштил местото на настанот што не е во ред. “, вели Верољуб Додевски – портпарол на СВР ВЕЛЕС

Полицијата направи увид на местото на несреќата и ги утврдува причините поради кои се случил верижниот судир. Најверојатно причина е лизгавиот коловоз и маглата во утринските часови.

Заради узвршување на увид и отстарнување на возилата, патниот правец Велес-Скопје беше затворен околу пет часа, по што сообраќајот се нормализира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.