Жена им подлегна на повредите откако дрво падна врз неа. Како што соопшти МВР, вчера околу 11.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во атар на с.Октиси, Струшко, кај место викано „Мезериште“, С.Г.(57) од истото село била повредена од дрво кое паднало врз неа.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, каде што подлегнала на повредите.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Jавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.