Пешак вчера починал откако во него удрило патничко возило „опел астра“, соопшти МВР.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила после 14 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје кога патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(48) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(77) од Скопје.

Од ударот А.Б. починал на местото на настанот, а смртта ја констатирала екипа од итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.