Прегазен пешак му подлегна на повредите. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кога патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од село Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од село Градец, кривопаланечко.

Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.