МВР информира дека вчера во Гинекологија „Чаир“ починала млада трудница.

-На 19.07.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот во Гинекологија „Чаир“ со влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец, велат од полицијата, додавајќи дека кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.