Загина 35-годишник во кавадаречкото село Марена, со камион кипер, додека работел, закачил 110 киловолтен далекувод за струја. Несреќниот случај за МИА го потврдија од МВР.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци потврди за МИА дека веднаш по пријавата на случајот, медицинска екипа заминала на лице место.

Пронајдовме лице без знаци на живот. Се обидовме да му пружиме помош и да го реанимираме, но залудно, констатиравме смрт кај лицето – рече Грков.

Неофицијално загинатото лице е од Росоман, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.