Дваесет и седумгодишно момче од Куманово заразено со Ковид-19 почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство. Според информациите од таму пациентот немал хронични заболувања, освен покачена телесна тежина.

Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина, велат од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.