Вчера во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во 18.25 часот, на ул.„Илинденска“ пред бензинска пумпа во Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(35) од Гостивар и мотоцикл „баотиан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(28) од Гостивар.

По незгодата, на местото пристигнал М.А., татко на А.Б., и физички го нападнал С.Д., а А.Б. бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила екипа од Одделение за внатрешни работи Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.