Три лица се уапсени поради тоа што полициски службеници во нивното возило пронашле пушка, експлозиви и друга опрема за недозволен лов на риба.

Како што соопштија од МВР, инцидентот се случил на 10 септември околу еден часот, при контрола извршена од полициски службеници од полициската станица Михајлово во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“.

При контролата на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, полицајците пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др.

Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.