Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казна во висина од 2.000 евра против едно лице кое не ја почитувало наредбата за задолжителна домашна изолација.

Обвинетиот со Решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола од 4 јули година бил ставен под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот – КОВИД-19. Но, тој не постапил согласно решението, па при проверка извршена од полициски службеници од СВР Битола на 8 јули година не бил затекнат во неговиот дом во Битола, се вели во соопштението од ОЈО.

Со предлогот на Судот му предложи да изрече парична казна за обвинетото лице во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.

Лицето е обвинето дека го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.