Скопјанка на 23-годишна возраст пријавила во полиција дека била физички нападната и добила закани од 28-годишен жител на Волково.

На 30.11.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје 23-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25.11.2021 и на 30.11.2021 околу 16.30 часот во с.Волково, скопско, по претходна расправија, била физички нападната од Ф.Ј. (28), со кого била во љубовна врска и ѝ биле упатени закани – велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.