Во Основниот кривичен суд денес започнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино, помина безмалку една година од сирепото убиството, кое се случи на 11 декември минатата година.

Неговата девојка Анѓела Ѓорѓиевска (22) е обвинета како соучесник во убиството. Таа денес ќе седне на обвинителна клупа и ќе се соочи со обвинителката Лидија Раичевиќ.

Пинета Секондо исчезна од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.