Се запознале преку нејзина пријателка, а по година и пол заеднички живот, успеала да му извлече милион и шестотини илјади денари, преку банкомат – 59 годишниот вдовец Цветан Крстески е уште една жртва на прилепчанката против која има кривични пријави за кражба. За измамата Цветан, кој е нејзин сограѓанин дознал, откако отишол до банка да извади пари, објави Сител.

И во овој случај, два месеци по настанот, љубовницата си заминала, без никаква најава. Парите не ги вратила. Поради тоа Цветан, неколку пати пријавил во полиција.

Претходно, жената на сличен начин успеала да го измами 56 годишниот скопјанец, кој остана без своите 3000 евра, пари со кои планирал да исплати семеен долг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.