По претходна дојава, специјалната единица „Тигри“ вчера во ресторанот „Емпириум“ во трговскиот центар „Палма мол“ во Тетово бил уапсен Р.И. (34). Како што дознава „Вечер.мк“, станува збор за еден од осомничените за грабежот на „Прокредит банка“ по кого била распишана потерница. Тој прво бил спроведен во ПС Тетово, па во ПС Кисела Вода, по што бил спроведен во КПУ Идризово.

Рустеми Идриз е еден од ограбувачите на „Прокредит банка“ кој се случи во април 2009 година, кога беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со „калашникови“ ранети беа тројца полицајци, како и двајца граѓани кои во моментот биле во ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Кривичниот суд во февруари 2010 година му изрече казна затвор од осум години на Флорим Малоку од Косово, првообвинет за грабежот. Иста казна добија и Идриз Рустеми и Авдиљ Тахири, на кои им се судеше во отсуство, додека Бислим Тахири за помагање заработи пет години затвор.

Флорим Малоку во ноември 2017 година беше пуштен на слобода. Тогаш за слободата  јавно му се заблагодари на тогашниот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.