Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

– Обвинетите за време на полицискиот час со возило или пеш се движеле низ градот и околината и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО-Куманово.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по вкупно 1000 евра во денарска противвредност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.