На автопатот Скопје-Охрид, во текот на вчерашниот ден се регистрирани и казнети 330 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти МВР, 21 возач возел со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.

Во истиот период, на улиците низ Скопје, за пребрзо возење се казнети 78 возачи.

Како што информира МВР, во Скопје се изречени вкупно 140 казни, во кои спаѓаат и тие за брзо возење. 11 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, како и 17 санкции за непрописно паркирани возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.