Мајката на убиеното момче Пино Секондо, Маја Трпковска, во интервју за порталот Магазин открила детали за односот помеѓу својот син и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска во која таа има најголема сомнежи дека е вмешана во убиството.

Ова го има направено за да му се одмазди. Таа му пишуваше нон стоп. Пред да биде Пино убиен на 21 октомври, јас ги читав пораките. Ангела му рекла дека ќе има собир на коли, бидејќи Пино сакаше многу коли и го прашала дали ќе одат заедно. Тогаш Пино и одговорил на Ангела дека нема пари, но тоа тој го рече бидејќи му беше срам со неа да излегува.

На 22 октомври на Пино му беше роденден, наполни 26 години. Тој славеше роденден дома овде, сите беа собрани кај нас. Ангела не беше поканета на роденденот. Вечерта на полноќ еден негов другар му се јави на телефон и му рече на мојот син „Се јави Ангела и ме праша за да ја однесеш некаде, требало да тепа една другарка„. Пино на тоа му одговори дека нема време. Тогаш Ангела збеснала и најверојатно тоа ја прели чашата и помисли на убиство, вели Трпковска за Магазин.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.