НККР – Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А. (19), С.А. (36), С.А. (41) и С.А. (18), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

Завчера околу 17 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, пријавените под дејство на алкохол дошле пред куќата на Ф.С. (23) и започнале вербална расправија со него по што со нож, дрва и секири ги нападнале оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанесувајќи им повреди.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.