Вчера во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки.

Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поснесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.