Вчера во 17.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Коперникова“ патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од А.М.(71) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.