Синоќа околу 23 часот на патот Куманово – Крива Паланка, М.Р. (22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо’’, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С. (22) и А.Д. (23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.