Вчераутро во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на местото викано „Чуле” на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди.

Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија. За настанот е известен и Јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.