Со барикадирање во една од просториите за деневен престој во првото затворско крило, петмина затвореници во штипскиот затвор го искажаа револтот поради претходно извршената рација од страна на затворските чувари, кога им биле одземени 3 мобилни телефони и 5 сим картички, јавува Сител. Два часа тие преговарале со директорот на затворот, барајќи да имаат право да се јавуваат на своите кога ќе посакаат, зашто сметале дека правилата не важат подеднакво за сите.

Дел од разговорот е снимен со мобилен телефон, кој очигледно не им бил пронајден и објавен на социјалните мрежи.

Директорот на КПД-Штип, Мики Тодоров денес ја потврдил случката, но демантирал дека затворениците немаат подеднакви права.

Доколку им се нарушени правата, осудените лица слободно ги упатувам да напишат претставка до Народниот правобранител, за да се утврди дали им се нарушени или не, изјавил Тодоров.

Додека биле во просторијата, дел од затворениците се самопровредиле со жилет и стакло, но откако преговорите завршиле мирно и без инциденти, веднаш им била укажана медицинска помош, а на двајца раните им биле сошиени во штипската клиничка болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.