Пет лица се повредени, од кои двајца потешко, откако вчера во 17.55 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „лаз“, управуван од В.П.(50) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Х.Х.(26) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, во незгодата сопатниците од возилото Ш.Х.(54) и С.Х.(19) се здобиле со тешки телесни повреди повреди, а возачот и сопатничка од возилото С.Х.(43), како и 16-годишен патник од автобусот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.